Занимливости

Патник преживеал вистински кошмар: Сменил два авиона, третиот се запалил, со четвриот патувал вкупно 33 часа

Еден англиски пензионер преживеал вистински кошмар со време траење од 33 часа и менување на четири авиони додека патувал од Лондон до Атина.

 

Туристот Џеф Ли кој летал на релацијата од Лондон до Атина ветил дека никогаш повеќе нема да се качи во авион, откако неговиот лет наместо четири часа траел 33 часа и по два откажани летови, а откако се качил во третиот авионот се запалил по полетувањето.

Туристот вели дека и покрај тоа што бил атеист тој се молел за да преживее откако се запалил моторот веднаш до прозорот до коишто седел патникот.