Занимливости

Ова нема да го видите на друго место: Промената на годишните времиња во изминатите 20 години (ВИДЕО)

НАСА ги снимила промените на годишните времиња на Земјата во изминатите 20 години и направила глобална мапа.

Визуелните податоци се објавени оваа недела и ги покажуваат промените на Земјата гледано од вселената.

Различните бои на океанот сината, зелената, црвената и виолетовата го прикажуваат изобилството или недостатокот на подводен живот.

Океанографот на НАСА Џереми Вердел кој работел на проектот вели дека тоа е како да го гледате дишењето на Земјата. Наведува и дека на снимката се прикажува дека на северната хемисфера пролетта доаѓа поради, а есента останува подолго.

Вердел забележал дека Арктикот со текот на времето се намалува, што е случај и со Антарктикот иако  помалку.

Мапата е направена од фотографии кои ги снимиле сателитите.