Занимливости

Ова е најневеројатниот ресторан во светот: Таму мајмуни се келнери (ВИДЕО)

Ресторанот Кајабукија таверн во Јапонија, каде сопственик е Каору Отсука стана светска атракција поради необичните келнери кои ќе ве послужат во овој ресторан.

 

Станува збор за мајмуни, кои кај него работат веќе 29 години.

Туристите од целиот свет доаѓаат во овој ресторан, за да ги служи мајмунот Фуку-чен, а една од напојниците кои тој ги прима се зрна соја.

Наместо пари, во овој ресторан келнерите се платени во банани, а постојат и мајмуни кои едноставно ќе позираат со вас како би ја заработиле својата плата. Отсука смета дека тие се неговото семејство и својот ресторан го смета за семеен бизнис.

-Тие ми се поблиски од семејството. Со нив го поминувам цел ден, дури и спијат со мене. Еднаш кога почнав да се грижам за нив едноставно не можев а да не продолжам да го правам тоа, вели Отсука.