Занимливости

Откриена нова планета: Можен ли е живот на неа?

Егзопланетата 55 Cancri e има атмосфера како Земјата, во неа има азот, вода и кислород, пишува Дејли Мејл. Но, оваа „Супер Земја“ сепак не е погодна за населување поради превисоката температура.

55 Cancri e е преблиску до својата ѕвезда и не ротира околу својата оска. Тоа значи дека на страната која постојано е свртена кон ѕвездата, температурата изнесува 2.300 степени Целзиусови.

Научниците истражувале дали е можно „студената“ нејзина страна да биде погодна за живот, но и таа површина е претопла – од 1.300 до 1.400 степени Целзиусови.

Планетата е оддалечена 40 светлосни години, на едната страна има вечна ноќ, а на другата вечен ден и е со површина 8 пати поголема од Земјата.

Овие податоци ги открил тим на научници од НАСА со помош на Спицер телескоп кој за набљудување на оваа платена користел камера дизајнирана за вчитување на инфрацрвени зраци. Иако за планетата првично се мислело дека е прекриена со лава, новите истражувања покажале дека такво нешто не е возможно.