понеделник, 16. јули 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

НИКОЈ ГО НЕМА ВИСТИНСКИОТ ОДГОВОР: Ова се 5 најголеми мистерии кои не се решени до ден денес (ВИДЕО)

Ова се некои од мистериите кои научниците ги ставија во топ 5.
НИКОЈ ГО НЕМА ВИСТИНСКИОТ ОДГОВОР: Ова се 5 најголеми мистерии кои не се решени до ден денес (ВИДЕО)

И покрај фактот што научно се расветлени поголемиот дел од аспектите на нашите животи, сепак постојат некои појави кои се уште не можат да се разјаснат.

Ова се некои од мистериите кои научниците ги ставија во топ 5.

Изгубениот град

Атлантида е една од најстарите и најголеми мистериите. Уште од древните времиња луѓето се обидувале да го пронајдат овој град. Се верува дека Атлантида ја потопило цунами после земјотрес. Грчкиот филозоф Платон, ја опишувал Атлантида како остров близу Гибралтар, кој бил дом на најголемите цивилизации на земјата.

Според преданијата, Атлантида ја населувале најубавите луѓе, тука се наоѓал храмот на Посејдон и се било во злато. До денес уште никој не успеал да ја лоцира Атлантида и да го пронајде нејзиното богатство.

Мумиите

Овде не се работи за мумиите, туку за совршено сочуваните тела кои се пронајдени во многу катакомби ширум северна Европа. Покрај тоа што телата на луѓето се распаѓаат после смртта, тие тела сепак поради специфичните простори, никогаш не се распаднале, туку се совршено сочувани, како кожата, така и внатрешните органи.

Илјадници такви тела потекнуваат уште од железното доба и на многу од нив има траги на убиство, што наведува на заклучокот дека се убивани по некој пагански ритуали. Меѓутоа, се уште не постојат докази зошто телата се фрлени и зошто се пронајдени ширум Германија, Ирска, Велика Британија и другите северни земји од Европа.

Џек Мевосек

Тој е најозлогласениот убиев на сите времиња, на кого и до ден денес не му се знае идентитетот. Станува збор за сериски убиец кој убивал низ Лондон, меѓу август и ноември 1888 година. Се смета дека е одговорен за брутални убиства на најмалку пет проститутки во Вејтчепел, во источниот дел од главниот град на Англија.

Мевосек ги убивал така што им го сечел гркланот, а потоа ги сакател и им вадел некои органи. Се смета дека е одговорен за уште 13 слични убиства во тој период. Наредните години се појавија многу теории околу тоа кој би можел овој озлогласен убиец. Дури и имаше сомнежи дека е некој од кралското семејство.

Стоунхенџ

За овој споменик напишани се многу книги и трудови, но се уште никој не успеал да ја дознае неговата функција. Стоунхенџ се градба од неолитот и бронзеното доба, се наоѓа во околината на Аменсбери во Англија, во округот Вилтшир, отприлика 13 километри северозападно од Солсбери. Се наоѓа на списокот на заштитени споменици на УНЕСКО од 1986 година. Составен е од многу камени блокови, од кои секој е тежок по 6 тони и се поставени еден на друг, односно еден до друг.

Неговата намена и значење се уште се енигма. Постојат многу теории, но ниту една нема цврсти докази. Најчесто е прифатена теоријата е дека е некој вид на гробишта, што е потврдено со пронаоѓањето на гробови во негова близини, кои датираат од истото доба.

Кралот Артур

Кралот Артур, мечот во камен, магионичарот Мерлин и витезите од кружната маса се дел од легендите за моќниот владетел, кој ги победил Саксоните и створил царство на Англија, Ирска, Исланд, Норвешка и Франција. Но за него не постои ниту еден цврст доказ. Се се темели на легендата која се раскажува меѓу војничките трупи, како би го кренале моралот.

Освен  таа легенда, нема никаков доказ за мечот, Мерлин, витезите. Покрај недостатоците за неговото постоење, се уште постојат многу историчари кои сметаат дека кралот Артур постоел и дека ќе бидат најдени докази за неговото постоење.