среда, 26. септември 2018. Вести денес: 1
home Занимливости

Неверојатна одлука: Претседателот на Туркменистан ги забрани црните автомобили- причината бизарна

Неверојатна одлука: Претседателот на Туркменистан ги забрани црните автомобили- причината бизарна

Овие денови во Туркменистан на сила стапи закон според кој црните автомобили се илегални, па поради тоа започна запленувањето на таквите возила.

Луѓето кои што веќе имаат купено црни автомобили, сега остануваат без нив без воопшто да бидат предупредени од претходно. Туркменистанските власти веднаш започнале со запленување на возилата со црна боја кои што сега се носат на општинските депонии ширум државата.

Овој најблаго кажано трагикомичен закон кој што е донесен во Туркменистан бил изгласан наводно затоа што претседателот на државата Гурбангули Бердимухамедов сака бели автомобили. Претседателот кој што го води еден од најрепресивните режими во светот, инаку вози зелен Бугати Вејрон.

Сепак, на граѓаните чии што автомобили се црни и запленети, понудена им е една можност за да си ги вратат назад автомобилите – мора да ги префарбаат во бела боја и фарбањето на автомобилот мора да биде на нивен трошок.

Државата уште во 2015-та година го забранила увозот на црните автомобили, а на луѓето им било сугерирано да купуваат бели автомобили затоа што „белата боја носела среќа“.

Претседателот Бердимухамедов имал и визија целиот главен град на Туркменистан, Ашгабат да го прекрие со мермер и да го оствари својот сон, туркменистанската престолнина да стане целосно бел град.