среда, 22. август 2018. Вести денес: 19
home Занимливости

Научно докажано: Жените им го кратат животот на мажите!

Научно докажано: Жените им го кратат животот на мажите!

Жените кои постојано нешто ги критикуваат своите сопрузи им го кратат животот. Дански научници заклучија дека кај мажите во средни години ризикот од смртта е дури 3 пати поголема ако живеат со жени кои постојано им наоѓаат маани.

Во истражувањето учествувале 9 857 мажи и жени од 36 до 52 години. Тие кои живееле со жени со кои постојано биле во конфликт, умирале порано бидејќи биле константно под стрес.

Една од причините з аогромното влијание на оваа ситуација врз здравјето на мажите, е тоа што тие не им ги кажуваат своите проблеми на пријателите, како жените што зборуваат со своите пријателки. Мажите, лошите чувства предизвикани од кавгите со сопругата, ги држат во себе.

– Мажите а разлика од жените имаат многу малку луѓе околу себе со кои можат да ги споделат своите грижи. Токму тоа е можната причина з азголемената стапка на морталитет кај мажите – објасни доктор Рине Лунд од Универзитетот во Копенхаген.

Според нејзиниот совет, партнерите треба да разговараат за своите проблеми. Но ако односите се пореметени, тоа доведува до депресија и постојан стрес.