Занимливости

Најсмртоносното езеро на светот: Една ноќ уби 1.764 луѓе и 3.500 животни за неколку минути (ВИДЕО)

Катастрофата која се случила на 21 август 1986 година околу вулканското езеро Ниос во Камерун, уби 1764 луѓе и повеќе од 3.500 животни за само неколку минути. За ова езеро старо 400 години, со децении кружеле митови и легенди, кои се потврдија при таа природна катастрофа.

Фармерите кои живееле во близина на езерото Ниос сред ноќ чуле гласен звук, за после тоа езерото испуштило стотици илјади јаглед-диоксидни честички и формирало облак, а проценките се движат помеѓу 300.000 до 1,6 милиони тони.

Облакот се проширил низ околината со брзина од 100 километри на час, а жителите на таа област биле најдени мртви, со крвави лица. Повеќето од нив умреле во смрт, а оние кои отишле да видат од кај доаѓа буката паѓале по улиците и околу своите куќи. За размерите на оваа трагедија доволно говори податокот дека во двете најблиски села преживеале само четири лица.

-Останав без свест, не можел да отворам уста затоа што осетив нешто страшно. Ја слушнав мојата ќерка како необично хрчи, додека приоѓав кон нејзиниот кревет, се срушив. Сакав нешто да кажам, но не можев. Мојата ќерка веќе беше мртва, опишува Џозеф Нкваин за тоа што му се случило таа ноќ.

Беше тоа прв пат природната појава да предизвика гушење на толкав број луѓе и животни. Облакот исчезна после два дена, а преживеаните се разбудиле после цели 36 часа во несвест.

Како би се спречило повторување на таа катастрофа, во езерото се изградени цевки кои извлекуваат јаглен-диоксид од неговото дно. Пред шест години години се појави страв дека постоечките цевки не извлекуваат доволно плин од дното на езерото, па се изградени уште две.

Опасноста од природна катастрофа сепак и понатаму постои, затоа природниот ѕид на најсмртоносното езеро на светот константно слабее. Доволен е еден земјотрес да сруши некогашниот кратер на вулканот, поради што ќе се ослободи огромна количина на смртоносен плин. Да се случи тоа, според проценките, би загинале повеќе од 5.000 луѓе.