Занимливости

Најголемиот аеродром на светот се отвора наскоро: Ќе има 9 писти, а чини неверојатни 12,8 милијарди долари (ФОТО)

Новиот аеродром во Пекинг ќе биде најголем на светот, а неговото свечено отварање е планирано за две години. Според пишувањето на медиумите, тој ќе чини 12,8 милијарди долари.

 

Аеродромот ќе биде отворен во 2019 година во јужниот дел на градот и ќе може да одговори на растечките потреби на воздушниот сообраќај во престолнината на Кина. Тој ќе биде нова база компаниите „China Southern Airlines“ и „China Eastern Airlines“.

Со отварањето на новиот аеродром членовите на „SkyTeam allieance“ (Аерофлот, Ер Франс, Алиталија, Ер Европа…) ќе бидат под еден и полесно ќе ги поврзуваат летовите.

Новиот пекиншки аеродром поседува и зграда која ја дизајнирала архитектката Заха Хадид. Таа вклучува одвоени делови за патниците кои патуваат на меѓународни и домашни летови, а се со цел како би се отвориле покомпактни згради и би се намалило времето на патување.

-Вкупната симетрија на аеродромскиот терминал, заедно со своите тековни, меѓусебно поврзани облици, створува флуиден состав кој предизвикува хармоничен и избалансиран приказ на кинескиот пејсаж, додека боите и материјалите изразуваат визуелен јазик во традиционалната кинеска култура, стои на сајтот на Заха Хадид.

Иновативните карактеристики на дизајнот на новиот терминал од 700.000 квадратни метри вклучуваат централен дел со шест завиени краци, и со шеталиште кое во една точка поврзува се, како би се олеснила навигацијата.

Во текот на првата фаза од отварањето, аеродромот ќе има четири писти, додека наредните две фази ќе доведат до додатни дели кои би можеле да го прошират капацитетот на аеродромот до 100-120 милиони патници годишно.

Според пишувањето на медиумите во текот на 2011 година, аеродромот би требало да има 9 писти од кои осум би ги користел за цивилен сообраќај, додека една би била наменета за воени цели.

Исто така, ќе се изгради и железничка станица со брзи возови, како и метро и автобуски станици.

Постоечкиот аеродром во Пекинг моментално е втор најпрометен во светот.