недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 72
home Занимливости

Му дозволила на момчето да спие со друга девојка: Поради она што го направи јас и понатаму многу патам

Ми се извини и ми кажа дека никогаш тоа не би го направил да знаел дека ќе бидам толку вознемирена.
Му дозволила на момчето да спие со друга девојка: Поради она што го направи јас и понатаму многу патам

Една 30 годишна девојка на своето момче му дала дозвола да има секс со девојката во која бил заљубен, а потоа поради таа одлука зажалила.

-Почнав да излегувам со човек кој сега е љубовта на мојот живот. Одлучивме да не бидеме во врска. Тој е многу сексуално и емоционално зрел, не е љубоморна личност. Јас сум многу несигурна и цело време се грижам дека било кој партнер кој го имам ќе најде некоја подобра и ќе ме остави… Главно затоа што мислам дека поголемиот број од жените се поубави, поинтересни и поуспешни од мене. На терапија се обидувам да работам на мојот проблем со љубомората, вели таа.

Како што вели таа, тој бил во својот роден град и сакал да се забавува со девојката за која мечтаел во средното училиште.

-Ден пред да се случи тоа ми се јави и ме праша дали би било во ред да спие со неа. Сакав да бидам кул, па му дадов благослов. Ми кажа дека сум сјајна и дека станува збор само за секс… Следниот ден ми се јави и ми кажа: „Ок, таа е под тушот во својата хотелска соба. Се уште можам да се откажам ако не ти е лесно“. Му кажав да не се откаже, вели таа.

Таа вели дека следните еден час се чувствувала како да има нешто во градите, чекајќи да се јави и замислувајќи го сексот.

-Ми се јави околу 2 часа подоцна. Мислеше дека сум во ред, па ми раскажа детали. Најлошиот дел не беше сексот, туку што се бакнувале и милувале некое време после тоа. Се масирале и си ги милувале телата. Успеав да се воздржам на телефон, но бев скршена. Кога се врати му реков дека иако идејата била добра на почетокот, веќе не е. Бев љубоморна, ранлива и со скршено срце, вели оваа жена во својата исповед.

Ми се извини и ми кажа дека никогаш тоа не би го направил да знаел дека ќе бидам толку вознемирена.

-Работата е во тоа што му кажав да го направи тоа и не го обвинувам. Пет месеци подоцна се уште ме јаде тоа понекогаш. Разговараат и се допишуваат, нормално за два стари пријатела и не прашувам за што зборуваат, ниту гледам во неговиот мобилен, но само штом го слушнам нејзиното име, чувствувам дека нешто ме стега во градите и сите чувства се враќаат, вели својата жена во оваа исповед.

Таа вели дека пет месеци подоцна пијана ја побарала на Фејсбук и решила да и прати порака.

-Беше тоа поприлично пријателска порака,  во која кажав дека сум била негова девојка и дека знам дека имале секс. И признав и дека се уште сум љубоморна неа и дека сум помислила дека ќе ми биде подобро ако ја запознаам. И напишав и дека нема никаква одговорност да ми одговори. Изгледа не користи Фејсбук, затоа што не ја прочитала пораката. Чувствувам дека нешто ме стега во градите и тотално ми е жал поради тоа. Да бар можам да го вратам времето… Се чувствувам како глупо, а имам 30 години, вели оваа жена во својата исповед.