Занимливости

Милионерка исчезнала пред 6 месеци, а сега ја пронашле како бездомник: Ја нападнале и ограбиле, па го изгубила памтењето

Британска милионерка, исчезната пред шест месеци, ја пронашле ако спие во една шопинг улица во Милано. 51 годишната Аријан Лак наводно ја повредиле тешко при кражба, после што го изгубила памтењето.

 

Нејзиното семејство ангажирало приватен детектив како би ја пронашле. Верувале дека отишла во Милано затоа што таму имала пријатели. Се уште не е јасно зошто во потрагата не биле вклучени британската и италијанската полиција.

Неименуваниот детектив, инаку поранешен албанско полицаец, за Аријана се распрашувал низ Милано и на луѓето им ја покажувал нејзината фотографија. Работата почна да се отплеткува кога некои бездомници кажале дека ја виделе како спие на улица, а потоа еден фризер потврди дека таа дошла кај него и дека била валкана.

Кога детективот ја пронашол, ја повикал нејзината сестра во Милано, затоа што на Аријана и била потребна помош. Пробала да објасни што уствари се случило.

-Можеби сум шетала кога ме нападнаа и ограбија. Паднав на тлото и силно ја удрив главата. Го сакам Милано. Луѓето ми нудеа помош, ми даваа храна, но ја одбивав. Во контејнерите пронаоѓав нешто за јадење, а знаев да стојам и пред хотели и ресторани.