среда, 19. септември 2018. Вести денес: 139
home Занимливости

Мадам Попова во смрт пратила 300 мажи- ја издала жена која се покајала

Мадам Попова на судењето изјавила дека не се кае, а во своја одбрана рекла дека убивала само мажи.
Мадам Попова во смрт пратила 300 мажи- ја издала жена која се покајала

На списокот на нејзините жртви имало дури 300 мажи и сите настрадале на ист начин и поради иста причина. Попова била платен убиец чија мета биле исклучиво насилни сопрузи.

Начинот на кој ги вршела убиствата секогаш бил ист – за мал надомест, ја ангажирале жени кои сакале да се ослободат од своите сопрузи, а таа потоа ги труела со арсен. Прво и приоѓала на својата жртва со намера да ја стекне нејзината доверба, а потоа, кога ќе успеела во тоа, и ставала отров во храната или пијалакот.

Со оваа “работа” почнала да се занимава поттикната од својот лош брак, поради што сакала, како што тврдела, да им помогне на жените да се ослободат од “сопрузите тирани”.

Доколку една од нејзините клиентки не се покаела, мадам Попова можеби никогаш немало да биде откриена. Во времето кога ги убила своите жртви, од 1879-тата година до 1909-тата година, било многу потешко да се докаже убиство со труење отколку денес. Сепак, жената која го нарачала убиството на својот сопруг, под притисок на грижата на совеста, отишла во полиција и ги открила сите детали за Попова. Мадам набрзо била уапсена.

Во нејзиниот роден град Самара, брзо се прочуло со што се занимавала Попова, па бесниот народ, пред да дојде полицијата да ја уапси, се собрал пред нејзината куќа, сакајќи да ја запали. Царските војници спречиле да дојде до тоа и под закана со пушки ја одвеле во затвор.

Попова во затворот не покажала каење, ниту пак се обидела да се брани. Напротив. Ги признала сите убиства, во своја одбрана рекла само дека никогаш не убила ниедна жена.