среда, 25. април 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Камерата го забележа моментот кога почна земјотресот: Поради реакцијата на овие медицински сестри многумина заплакаа (ВИДЕО)

Дежурните медицински сестри инстинктивно почнаа да реагираат и брзо ги задржаа количките. За среќа, ниту едно бебе не е повредено и се помина во најдобар ред.
Камерата го забележа моментот кога почна земјотресот: Поради реакцијата на овие медицински сестри многумина заплакаа (ВИДЕО)

Во текот на неодамнешните потреси во Јужна Кореја, надзорната камера во едно родилиште забележа неверојатна ситуација. Кога почна земјотресот, количките во кои беа сместени бебињата почнаа да се помесуваат низ собара и бебињата беа во голема опасност да паднат од нив.

Дежурните медицински сестри инстинктивно почнаа да реагираат и брзо ги задржаа количките. За среќа, ниту едно бебе не е повредено и се помина во најдобар ред.

Јужнокорејското пристаниште Поханг во ноември беше погодено од потрес со јачина од 5,4 степени по Рихтерова скала, во кој се повредени 57 лица, а нанесена е голема штета на станбените објекти. Тоа до сега е втор најјак потрес забележан во Јужна Кореја.

Погледнете го ова драматично видео: