Занимливости

Како државите ги добиле своите називи

Истражување спроведено во Оксфорд, а засновано на 195 независни држави во светот, вели дека државите и нациите ги добиваат своите имиња на четири принципи…

1. Местоположба

Првиот начин на именување е – географската местоположба. Еве и примери од студијата: Норвешка значи „северен пат“, а Австралија – „јужна земја“.

2. Племе или народ

Германија и Германците го носат името на древните Германи. Франција го добила името по старогерманското племе Франки, кои биле основачи на Франкското Кралство на таа територија. Сличен е и случајот со Русите, кои иако се словенски народ, го носат името на старогерманското нордиско племе Рус. Виетнам е именуван според народот Виет на југот од земјата, а Италија според древното племе Италци.

3. Одликите на територијата и населението

Алжир го добил своето име според главниот град, а самото тоа пак, во превод значи „остров“. Костарика значи – „богат брег”, а Барбадос – „брадестиот”, т.е. оваа земја го добила името по дрвото бањан коешто личи на брадеста смоква. Босна го добила името по реката Босна. Швајцарија го добила името според областа Швиц во средишниот дел на земјата.

4. Позната личност

Америка го добила името според Америго Веспучи – италијанскиот морепловец кој прв го дефинирал копното како нов континент, за разлика од Португалецот Кристифор Колумбо, којшто мислел дека тоа е дел од Азије, поточно – Индија. Филипините го добиле името по кралот Филип Втори, Кина според древната династија Ќин, додека пак, Израел својот назив го добил по еврејскиот изговор на името на Јаков – таткото на еврејскиот народ.

Македонија е старо, древно име, и никој досега точно не утврдил како тоа настанало. Холандскиот лингвист Роберт Бекс смета дека самиот збор има претхеленско потекло. Најпопуларна е теоријата дека на древните јазици називот Македонија значел „висока земја“ или „високи луѓе“. Некои истражувачи пак, велат дека тој може да се толкува и како „мајката земја“, или пак, дека потекнува од името на митскиот бог Македон.