Занимливости

Јапонија во неверување: Нивната принцеза се откажа од круната за да се омажи со обичен граѓанин (ФОТО)

Најстарата внука на јапонскиот цар Акихита (83), принцезата Мако (25), наскоро ќе се сврши и ќе се омажи за поранешен колега од токискиот Меѓународрн христијански универзитет.

Со свршувачката таа ќе стане обичен граѓанин со оглед на тоа дека во согласност со строгите правила ќе мора да се откаже од титулата. Во Јапонија жените немаат право да го наследат тронот и по мажењето немаат право на титула.

Утре се одлучува по барањето на царот Акихита да абдицира, што е првпат во последните два века владетел на Јапонија да донесе таква одлука.

Со мажачката за Кеи Комору (25), „љубител на океаните и скитањето, кој во слободно време свири виолина и сака да готви“ Мако се откажува од титулата без обѕир што е внука на Акихита.

Кеи и принцезата се запознале пред пет години во еден ресторан во Токио, каде што работел како промотор на јапонскиот туризам. На Меѓународниот универзитет Мако дипломирала уметност и култура, а Кеи студира право.

Принцезата извесно време била на студиска размена во Единбург и Личестер, а е вработена како истражувач во Музејот на Токискиот универзитет и ги завршува докроските студии. Родителите на Мако го одобруваат нејзниот брак.