четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 102
home Занимливости

И ЈАС ТОА ОТСЕКОГАШ ГО САКАВ: Трамп се воодушеви кога слушна што едно детенце посака под елката (ФОТО)

И ЈАС ТОА ОТСЕКОГАШ ГО САКАВ: Трамп се воодушеви кога слушна што едно детенце посака под елката (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп одговараа на прашањата на децата кои сакаа да знаат каде моментално се наоѓа Дедо Мраз.

На прашањата одговараа преку телефон, од дневната соба на своето здание на Флорида каде ги поминуваат празниците, а повиците им ги проследи Сверноамериканската воздушно- космичка воена команда, која повеќе од 60 години за време на Божиќ ја организира програмата „НОРАД на траг на Дедо Мраз“.

Трамп да детенце му одговори дека таа држава е голема и предвиде дека „Дедо Мраз кон него ќе биде добар“.

Детенце од Вирџинија, изрази желба под елката да најде градежен материјал, а американскиот претседател кој на полето на градежништвото се прослави и збогати, го охрабри со зборовите: „И јас тоа отсекогаш го сакав“.

Трамп претходно по пат на видео- линк им посака среќен Божиќ на американските војници стационирани ширум светот, како и на нивните семејства.

Трамп во својата вила за празниците со богата божиќна вечера

Американскиот претседател Доналд Трамп празниците го поминува во својата вила „Mar-a-Lago“ на Флорида, а неговата божиќна вечера беше доста богата и тоа не само затоа што присуствувало неговото семејство.

Белата куќа како што наведува АП, соопшти дека на менито се нашла патка, говедско месо, пченка, крем од кељ, мафини, пире од компир и сос од мисирка.

Трамп исто така можел да се определи за различни јадења од зеленчук, морска храна како што се локалните риби и школки, како и различни десерти.