Занимливости

ХАОС НА СВАДБА: Поранешната девојка со пиштол го киднапирала младоженецот од пред олтар

Неименувана Индијка од покраината Утар Предеш го киднапирала своето поранешно момче откако му се заканила со пиштол и тоа ни помалку, ни повеќе, туку од неговата свадба.

Бесната жена била во придружба на двајца млади мажи кога во вторникот попладне упаднала на свадбата, извадила револвер и гласно порачала пред присутните:

– Oвој маж ме сака мене и ме изневерува со оваа жена. Нема да дозволам тоа да се случи!

25-годишната жена го одвела момчето од неговата свадба, а полицијата се уште го нема пронајдено. Таа со младоженецот се запознала пред повеќе од една година и започнале и љубовна врска. Некои од роднините тврделе дека двојката и тајно се венчала, но под притисок на неговите родители морале да се разделат, по што со договорен брак му било наложено на момчето да земе друга помлада невеста.

Таткото на младоженецот признал дека однесувањето на неговиот син било навистина чудно бидејќи секогаш кога го посетувал во градот каде што работел, никогаш не го викал во неговиот дом и се среќавале на други места.