Занимливости

ЕМОТИВНО: Шимпанзо пред смртта се прости од својот најдобар пријател (ВИДЕО)

Шимпанзото со име Мама боледувало од неизлечива болест и било пред смрт. Одбивал се, луѓе, храна и пријатели, се до доаѓањето на нејзиниот омилен професор. Ова прекрасно видео ќе ги разнежни и најтврдите срца.

 

Познато е дека шимпанзата имаат слични особини како човекот, како што се мозочните функции, изразите на лицата и потезите. Некои генетички истражувања кажуваат дека еволуциските патишта на шимпанзата и луѓето се раздвоиле пред приближно 6 милиони години. Но, да ги оставиме се истражувањата и гените.

Шимпанзото Мама било пред смрт и одбивало се, од посетители до храна. Но, во зоолошката градина во холандски Арнхем знаеле кого треба да повикаат во посета.

Професорот Јан ван Хоф го знаел шимпанзото повеќе од 40 години, поточно од 1972 година и бил еден темелниците на нејзината колонија во таа зоолошка.

Мама во почетокот не го препознала, но набрзо сфатила за кого станува збор и воодушевено се подружи со својот омилен професор. Имаше смеење, радост и весела атмосфера.

Видеото е снимено минатата година, а Мама(59) умре една недела после емотивната средба со Ван Хоф.