четврток, 18. јануари 2018. Вести денес: 105
home Занимливости

Единаесет години заедно уживаат во храната: Само јадат и лежат, вкупно имаат 568 килограми- ќе починат ако некој не им помогне

Ли и Рене сакаат да одат на операција на желудникот како би ослабеле и започнале нормален живот. Толку се дебели што веќе не можат да се грижат за себе.
Единаесет години заедно уживаат во храната: Само јадат и лежат, вкупно имаат 568 килограми- ќе починат ако некој не им помогне

Парот од Мисури, 42 годишниот Ли и 39 годишната Рене, кои заедно имаат 568 килограми, се запознал на клиниката за губење на вишок килограми пред 11 години и од тогаш заедно го прават она во што најмногу уживаат, а тоа е јадењето.

Толку се дебели што веќе воопшто не можат да се грижат за себе, па секојдневно доаѓа сестрата на Ли, која им помага. Признаваат дека без неа веројатно не би преживеале.

Ли, кој 323 килограми и Рене која е тешка 245 килограми, ќе се појават во ријалити шоу на телевизијата ТЛЦ.

Од клиниката во која се запознале мора да излезат затоа што прекршиле едно од најважните правила, влегле во врска.

-Не смеевме ниту да се држиме за рака. Одлучивме дека сакаме да бидеме заедно и дека сакаме врска. Се сакавме, се уште се сакаме и денес и веќе сме 11 години, вели Рене која од почетокот се грижела за Ли, но откако и таа се здебелила, веќе не може да се грижи ниту за себе.

Планираат да одат кај хирург во Тексас, кој би ги оперирал и би им го променил животот.