Занимливости

Десет илјади евра за квадрат: Во овој град се најскапите станови во Европа (ФОТО)

Ако пред 10 години сте купиле стан во Стокхолм, можете да заработите дури 100 евра секој ден ако живеете во него, пишува „Businessinsider.com“.

 

Од 2006 година, трошоците за живот во шведската престолнина двојно се покачиле и денес просечната цена за квадратен метар во центарот на градот е 9.909, надминувајќи ја цената и во европските мега метрополи како Париз.

Со самото тоа оние кои ја искористиле шансата да купат стан пред 10 години, пред да стапи економската криза, го добиле по цена многу поевтина од онаа што би морале да ја издвојат денес.

Сега можат на други работи и потреби да ги трошат парите кои би морале да ги издвојуваат за да отплаќаат стан.

-Она што е различно во случајот со Стокхолм е дека цената на недвижностите не паднала ниту по кризата. Постоеше само привремен застој, пред трендот на опоравување повторно да продолжи, вели Пер-Арне Сандегрен, главниот аналитичар на компанијата Свенск Макларстатистик, компанија која ги собира податоците за шведскиот пазар на станови.

Иако цените на недвижностите растат и во другите европски градови, се чини дека Стокхолм е недопирлив, па животот во Берлин или Копенхаген, градови кои важат за едни од најскапите е далеку поевтин.

Во Берлин, уште еден град со бум на цените на недвижностите, просечната цена е помала од половина од Стохколм, таму стан чини 4.750 по квадрат, колку што беше во шведската престолнина пред 10 години. Ист е случајот и во Копенхаген и таму становите се за половина поевтини од Стокхолм.