недела, 25. февруари 2018. Вести денес: 1
home Занимливости

Бракот пукнал после само три дена: За овој пар зборуваат сите во БиХ- нивниот развод ќе ве зачуди

Брачната идила траела само три дена, а приказната ја потврди и матичарот од овој град Васо Чихориќ, кој за тамошните медиуми кажа дека е вистина дека младите престанале да живеат заедно после само три дена.
Бракот пукнал после само три дена: За овој пар зборуваат сите во БиХ- нивниот развод ќе ве зачуди

Херцеговачките свадби се познати по големите прослави со повеќе стотина луѓе, а Херцеговците ги бие глас дека се конзервативни и дека разводите се вистинска реткост.

Сепак, овие денови во Босна и Херцеговина сите зборуваат за разводот кој е покренат само три дена откако била направена свадбата. Имено, парот од Требиње се венчал во сабота, а веќе следната средата поднеле барање за развод.

Брачната идила траела само три дена, а приказната ја потврди и матичарот од овој град Васо Чихориќ, кој за тамошните медиуми кажа дека е вистина дека младите престанале да живеат заедно после само три дена, но законскиот развод поради законските процедури бил нешто покасно.

Оваа вест ја актуелизираше и приказната од Бихаќ, каде невестата побегна од свадбената веселба пред да падне мрак.

Наводно младата била присилена на брак со Босанец, па побегнала со своето момче од Германија. Меѓутоа, оваа приказна никогаш не доби официјален епилог, па парот од Требиње веројатно го држи рекордот.