Занимливости

Била најозлогласена мадам во историјата: На Матилда и се плашеле и полицајците, нејзиниот надимак открива колку била немилосрдна (ВИДЕО)

Родена е во Лондон во 1900 година, Матилда Тили Дивајн растела во сиромашен кварт и сонувала за богата иднина.

Сонот и се остварил станувајќи една од најбогатите жени во тоа време, со тоа што до парите не дошла ниту со мажење, ниту со наследство.

Таа 1920 година Томас Корк од австралиски Сиднеј, посетил продавница во сопственост на свој добар пријател. Чул повици и звук на борба кои доаѓале од надвор, истрчал надвор кон врата каде ја видел Тили Дивајн.

Очите се сретнале, а Дивајн се затрчала кон држејќи жилет. Корк ги затворил очите и со рацете ја заштитил главата, но осетил убод. Кога погледнал крвата му прснала во лцието.

Го нападнала жена чие досие може да го засени и Ал Капоне, од навредливо однесува и напади до проституција, подведување…

Дивајн се тоа успеала да го „постигне“ до 1925 година, кога имала 25 години.

Таа е проститутка од најлош вид и со соработува со најлошите, пишува во еден полициски извештај за неа.

Со оглед на нејзината историја, добила неверојатно блага казна за нападот од почетокот на текстот, само 2 години затвор.

До 2030 година Дивајн се префрлила на малку поголеми злосторства, водела банда, била сопственичка на мрежа на бордели, дури и продавала дрога.

Таа жена од 160 сантиметри и 50-тина килограми била најмоќен гангстер во историјата, а нејзината изопаченост се видела и по нејзината појава. Имала белег на едното око и со себе секогаш ноше сечиво, нејзиниото омилено оружје, бидејќи носење прикриен пиштол било казниво со закон. Така и го стекнала својот надимак „Мадам Жилет“.

Родена е во Лондон во 1900 година, Матилда Тили Дивајн растела во сиромашен кварт и сонувала за богата иднина. Сонот и се остварил станувајќи една од најбогатите жени во тоа време, со тоа што до парите не дошла ниту со мажење, ниту со наследство.

Откако го запознала и се омажила за Австралиецот Џим Дивајн, се преселила на нов континет.

Почнала да заработува со продажба на сопственото тело во нивниот дом, а подоцна Џим ја возел кај клиентите.

Но, набрзо открила далеку „погорда“ работа, станала мадам која подведувала други жени.

Кога политичарите во Австралија почнале со продажба на кокаин и работа на бордеилите, сопствениците на тие бизниси морале да се повлечат подлабоко во подземјето.

Сепак, интелигентната Дивајн, ја искористила дупката во законот според која ниту еден маж не смее да води бордел.

Бидејќи таа била жена, ништо не и стоело на патот да ги искористува сиромашните и очајни девојки, земајќи голем процент од нивната заработа. Сепак тоа не била нејзина јавна куќа.

Во Австралија имало малку работа за повратниците од Првата светска војна, што многу ги однело во канџите на криминалот.

Во текот на големата депресија работата на Тили целосно процветала, а нејзиното богатство мерено во сегашни суми е проценето на повеќе милиони долари.

Како што тоа оди во животот, Матилда не била без конкуренција, нејзината главна соперничка била жена помала од неа, како со растот така и со стасот.

Кејт Леј, која својата работа ја почнала со отварање на мали продавнаци за пијалоци, се вклучила во овој бизнис. Се чини дека во градот немало место за нив двете.

Во куќата на Тили често се одржувале неморални забави, а имотот го чувале наоружани стражари и агресивно куче.

Една вечер луѓето на Кејт влегле на имотот, меѓутоа брзо биле убиени. Во заседа ги чекал Џим, сопругот на Тили.

Дивајн ужиала во гламурозната страна од злосторничкиот живот, уживајќи во крзното, дијамантите и целиот возможен луксуз.

Весниците ја декларирале како „најлошата жена во Сиднеј“, а сама се решила од својот досаден сопруг, кој на никој начин веќе не и бил потребен.

Сепак, таквиот живот не можел да трае долго, исто како што е случајот и со соперничката Кејт.

На крајот, како што беше случајот и со Ал Капоне, на врата им дојдоа даночните инспектори.

До средината на 1940-тите двете ги изгубиле поголемиот дел од парите, а на криминалната сцена се појавиле млади мажи желни за крв.

Тили и Кејт утехата ја пронашле во самотијата, а откако Кејт починала, Тили дошла на погребот да и оддаде почит.