вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 112
home Занимливости

Австралиска подморница пронајдена по 103 години

Подморницата исчезнала на 14 септември 1914 со 35 членови на екипажот, Австралијци и Британци.
Австралиска подморница пронајдена по 103 години

Остатоци од австралиска подморница се пронајдени по потрагата која траеше 103 години.

Станува збор за првата австрaлиска подморница „ХМАС АЕ-1″, која исчезнала за време на Првата светска војна во водите на Папуа Нова Гвинеја.

Подморницата исчезнала на 14 септември 1914 со 35 членови на екипажот, Австралијци и Британци.

Таа е пронајдена е во текот на 13-тата мисија во водите во близина на островот Војводата од Јорк во Папуа Нова Гвинеја.

Австралиската Влада соопшти дека со ова откритие решена е една од најстарите поморски мистерии во земјата.

– Ова е едно од најважните откритија во историјата на австралиската Морнарица. Исчезнувањето на оваа подморница беше првата загуба на Кралската морнарица на Австралија и прва таква загуба на страната на сојузниците за време на војната. Голема трагедија и за нас и за нашите сојузници, рече министерот за одбрана Марис Пејн.

За време на потрагата бил користен подводен дрон, кој нуркал на длабочина од околу 40 метри. Подморницата била пронајдена на 300 метри под површината на океанот.

Точната локација на подморницата не е откриена заради нејзина заштита, но судејќи според се, се чини дека се уште е во „едно парче”, наведува Би-Би-Си.

Не се планира таа да биде префрлена во Австралија, но ќе почне да се работи на утврдување на причината за несреќата.