недела, 23. септември 2018. Вести денес: 53
home Занимливости

Авион за Хаваи полетал во 2018, а слетал во 2017 година

Новозеландски патници кои тргнале да ја прослават новата година на Хаваи имале несекојдневна ситуација да полетаат во 2018, а да слетаат во 2017 година.
Авион за Хаваи полетал во 2018, а слетал во 2017 година

Летот 466 на „Хаваијан ерлајнс“ требало да тргне од Окленд, главниот град на Нов Зеланд, на 31 декември, во 23.55 часот по локално време, но дошло до непланирано одложување од десет минути.

Поради тоа, авионот полетал за Хонолулу во новата година, пет минути по полноќ на 1 јануари.

Бидејќи Хаваите се наоѓаат на другата страна од меѓународната линија на датуми, Хонолулу е временски 23 часа зад Окленд, па по осумчасовен лет, авионот пристигнал на својата дестинација кога таму сѐ уште беше 2017 година, во 10.16 часот.

Оваа необична ситуација била забележана од новинарот од Вашингтон, Сем Свини, кој ги објавил податоците за летот на Твитер.