Занимливости

Астронаут сними неверојатни глетки: Вака изгледа поларната светлина кога се гледа од вселената (ВИДЕО)

Италијанскиот астронаут Паоло Несполи објави снимка од поларна светлост- аурора бореалис, снимена од Меѓународната вселенска станица.

Снимени се неколку ноќни фотографии вчера, кои подоцна се споени во кратко видео.

Несполи работи во Меѓународната вселенска станица, во склоп на долготрајната мисија ВИТА, која е во надлежност на Италијанската вселенска агенција.

Италијанскиот астронаут направил неколку снимки вклучувајќи го и погледот на Персискиот залив, но и движењето на огнените топки кон Земјата.

Аурора или поларната светлина е сјај на ноќното небо, главно видлив од високите географски ширини. На север таа појава се нарекува „aurora borealis“(северна зора), а на југ се нарекува „aura australis“(јужна зора).

Поларната светлост обично се појавува на небото септември и октомври или во март и април.

Погледнете го видеото: