Вино во друштво фино

Зошто треба да се спарува храната со соодветно вино?

„Модерна македонска кујна“  е насловот на готвачот од шеф Влатко Огненовски која содржи  100 рецепти, нови, модерни и здрави кои се подготвуваат со нови техники на готвење, која наскоро ќе биде промовирана во винскиот бар и  ресторан Форца. Тоа беше поводот да поразговараме со него и да дознаеме меѓудругото и за богатството од билки и зачини со кои располага нашата земја, а многумина воопшто и незнаат.

Што е она што до сега не сме го прочитале, не сме го виделе, а ќе имаме можност да го дознаеме од ова ексклузивно издание на вашиот готвач кои вистинските сладокусци со нетрпение очекуваат да излезе од печат?

Шеф Огненовски: Главно готвачот е креиран во една форма многу едноставна и достапна за читателот, а основната порака е да го вратиме готвењето во домовите и да почнеме да ги користиме сите природни ресурси од нашето поднебје. 100-те рецепти се нови, модерни и здрави и се подготвуваат со нови техники на готвење.

Влатко Огненовски - Вино во друштво фино

Која е целта на готвачот „Модерна македонска кујна“?

Шеф Огненовски: Целта на готвачот е почеток на имлементирање на здрава храна во нашето општество.

Колку рецепти има и колку време ви беше потребо да го подготвите?

Шеф Огненовски: На овој проект работам една година, а креирав 100 рецепти, сите вкусни и здрави.

Колку од зачините со кои располага нашата земја се искористени и што се има кај нас, а не ретко увезуваме?

Шеф Огненовски: Воопшто не ги користиме ни зачините, ни билките. Тие остануваат целосно неискористени по нашите шуми. А има : жалфија, смрека, див лук, пеперминт итн.

Влатко Огненовски - Вино во друштво фино

Вие секојдневно имате комуникација со гурманите. Колку знаат сами да направат спарување на храната и виното?

Шеф Огненовски: Културата на исхрана во нашата земја е веќе на многу повисоко ниво, а винската култура во нашата земја доживеа револуција, а храната заостана зад неа, па од таму идеата да произведеме македонска модерна кујна која ќе парира на винската култура. Да, веќе во нашата држава и самите гости спаруваат храна и вино.

Зошто е битно правилното спарување?

Шеф Огненовски: Одредени ноти на вкусовите на храната кореспондираат на одредени вина, а со тоа и се постигнуваат максималните композици и високи интензитети на уживање на храната со виното.

IMGP3570

Што препорачувате за празниците да се јаде, а да не се претера кога навистина е тешко да се одолее на изобилството од храна?

Шеф Огненовски: Свинско печење, јагнешко печење кое се прати со лесни салати и црвено вино, без да се конзумираат претходни тешки предјадења, масни сирења, руска салата итн. Сето тоа во помалку количини.

Кој ви е вас омилен специјалитет и вино?

Шеф Огненовски: Јадам и уживам разна храна и вина, немам една омилена кујна или вино, а последното воодушевување го доживеав од комплетната нова линија Private Reserve на винаријата Стоби.

Наскоро и официјално ќе биде промовиран вашиот готвач, кога, каде и дали е отворена поканата за сите?

Шеф Огненовски: Промоцијата ќе се одржи во ресторан Форца на 27 декември со почеток во 18:00 часот. Поканата е отворена за сите заинтересирани, а покрај вкусните јадења ќе се дегустираат и споменатите нови вина на Стоби.

Влатко Огненовски - Вино во друштво фино

На кој начин ги едуцирате младите да се хранат здраво?

Шеф Огненовски: Едукацијата за здрава храна започна во нашата држава минатата година со владината кампања за будење на свеста и значењето за здрава храна „Шпајзот на Македонија“. Ефектот сите го гледаме но, многу е важно преку работилници и едукација да го продолжиме тоа што го започнавме, а конечна цел е воведување на високи стандарди во исхраната и имплементирањето на модерна македонска кујна. Во градинките ја спроведовме кампањата „Растеме заедно“, посетеноста беше огромна и реакцијата на дечињата беше прекрасна а тоа укажува на веќе разбудената свест за здрав живот и исхрана.

Влатко Огненовски - Вино во друштво фино

Интервјуто го водеше: Александра Велинова
Локација: Вински бар и ресторан Форца
Готвач: Влатко Огненовски
Сомелие: Даниел Цековски
Фотограф: Благоја Мартиновски
Шминка: Анџела Видојевиќ (Курс за шминка, Центар за обука ЕВА)

Влатко Огненовски - Вино во друштво фино

Влатко Огненовски - Вино во друштво фино

Влатко Огненовски - Вино во друштво фино