Вино во друштво фино

Татјана Стојановска: Во 2016-та најубави моменти залиени со македонско вино

Некогашната Мис на Македонија и една од најубавите презентерки, со еден збор дама во вистинска смисла на зборот со одличен спој на внатрешната и надворешната убавина, ќе ви открие кое е нејзиното омилено вино и кое е нејзининото најфино друштво за вино. Прочитајте што ви посакува во Новата 2016-та на сите вас.

Некои во виното ја бараат вистината, за други пиењето вино е ритуал, за трети божествена напивка. Кога ќе се спомне овој поим на што ве асоцира?

Татјана Стојановска: Виното е мој пијалок дефинитивно. Од алкохолните пијалоци мојот единстевен избор се вино во зима, а пиво во лето. Така што секако кога нешто се прославува, кога се дружам со пријателите виното е секогаш пијалок со кој наздравувам. Виното за мене е пред се ритуал, уживање и оддишка во моментите на релаксација, моментите кога се дружиш, славиш и споделуваш убава енергија. Виното ме асоцира и на живот, страст, љубов и романтика.

Вино во друштво фино - Татјана Стојановска

Кога првпат пробавте вино?

Татјана Стојановска: Отприлика на 22-23 години, бидејќи до тогаш и не пиев алкохол, не ми се допаѓаше. Но, подоцна во некои пригоди за да наздравам најчесто земав црвено вино и полека почнав да го навикнувам неговиот вкус, кој почна да ми се допаѓа. Денес во зависност од храната со која го спарувам, избирам бело или црвено вино.

Кое ви е најфино друштво за вино?

Татјана Стојановска: Јас сум човек кој сака да наздрави со моите блиски луѓе, со партнерот, со пријателите и без некој посебен повод. Секогаш сум за една чаша вино во добро друштво. Поводот може да биде славење на средбата, дружбата, љубовта и пред се здравјето и животот, затоа што виното е и здравје и живот.

IMGP4326

Што знаете да приготвите од специјалитети кои одлично се спаруваат со вино?

Татјана Стојановска: Виното е составен дел и од кујната. Белото вино го користам кога подготвувам морски плодови кои ги обожуваме дома, а и за специјалитети од свинско, пилешко. Со вино секое јадење е повкусно и добива шмек.

Кои се вината кои би му ги препорачале на некој странец што мора да ги дегустира како гостин во Македонија?

Татјана Стојановска: Го сакам „Мускатот“ од белите вина, така што тоа ми е на прво место. Исто така „Бела вода“ е мој избор од белите вина, а од црвените вина сакам полесни и поблаги. Вино кое ме пленило на прва голтка е „Премиер“ на „Бовин“ и кога имам ретка прилика уживам во тоа вино. Така што мојата препорака за секој кој ќе ја посети Макеоднија е да ги проба овие две вина. Иако кај нас кое и да било од сортните вина да го проба нема да згреши во изборот. Ова поднебје е погодно за квалитетено грозје, а со тоа и квалиететно вино. Сум пробала вина и надвор од Македонија, но сметам дека нашие вина можат да се споредат по квалиетет и со најдобрите француски вина.

IMGP4314

Сте посетиле ли некоја од винариите во Македонија што ви оставила посебен впечаток?

Татјана Стојановска: За жал се уште не, но се надевам наскоро дека ќе посетам некоја од винариите во земјава. Верувам дека покрај квалиетот и амбиентот го дополнува и вкусот и уживањето во виното. Винскиот туризам во Македонија е во зародиш, но тоа е една од перспективите за привлекување туристи. Добрата храна и убавото вино со кое изобилува Македонија се нештата кои покрај природните убавини остануваат долго во меморијата на туристите и причина да се вратат повторно и да ја посетат Македонија.

Прва асоцијација на стих, композиција, филмска сцена на вино?

Татјана Стојановска: Во многу македонски песни се споменува виното. Па, ете, прва што ми доаѓа како асоцијација е „Црно тиквешко“ или во „Црно вино утеха нема“. Црното некако е најопеано…

IMGP4329

Како го доживуваш ова спарување на храна и вино?

Татјана Стојановска: Секое вино има идеална храна со која во комбинација се истакнува неговиот автентичен вкус. За себе можам да кажам дека не сум некој добар познавач на вината и кое со која храна се комбинира, но кога некој ќе ми посочи добра комбинација прифаќам и сакам да пробам различни вкусови. Денешниот избор на розе вино „Ана Марија“ на „Бовин“ со салата со авокадо, сланина, рокфорт сирење и благ овошен дресинг ми го потврди тоа дека не е сеедно со што се комбинира виното. А идеална е комбинацијата на ова вино и со колачот со сирење (чизкејкот).

IMGP4359

Што би им посакале со оваа здравица на сите оние кои го читаат интервјуто?

Татјана Стојановска: Со оваа чаша вино им наздравувам на сите читатели, да имаат убава и успешна 2016 година, остварување на сите желби и многу здравје, љубов и убави моменти со своите најблиски, залиени со убаво македоснко вино. На здравје и среќни празници!

Вино во друштво фино - Татјана Стојановска

Интервјуто го водеше: Александра Велинова
Локација: Вински бар и ресторан Форца
Готвач: Андреа Јаковчевски
Сомелие: Дејан Донев
Фотограф: Благоја Мартиновски
Шминка: Анџела Видојевиќ (Курс за шминка, Центар за обука ЕВА)