Вино во друштво фино

Тања Турунџиева: Луѓето кои пијат вино живеат подолго

Започна сезоната на зимските празници, а може ли да се замисли една богата македонска трпеза без вино. Но, како што во се’ треба да бидеме умерени, така и во консумирањето на вино. Границата помеѓу дозволеното и недозволеното е премногу тенка, па во следниот разговор ќе дознаете од нутриционистката Тања Турунџиева кога виното е корисно, а кога штетно за здравјето.

Дали како нутриционист препорачувате да се пие вино?

Тања Турунџиева: Виното е пијалок што значи живот. Љубителите на вино се среќни луѓе. Има многу лица. Нема општа култура без винска култура. Ако го познаваме виното, никогаш нема да речеме – сите се исти. Пиењето на вино е задоволство. Во него треба да се почуствуваат мирисите и вкусовите на природата. Треба да се пие внимателно и умерено, со почитување и љубов. Односот кон виното многу зборува за самопочитувањето и запознавањето на самиот себе. Љубителите на виното би рекле: „Виното е најдобриот пријател на човекот“! Има се повеќе љубители на виното кои се способни да го препознаат доброто вино. Познавањето на вино стана цивилизациска обврска.

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-01

Количински колку треба да се внесува вино во организмот за да нема штетно влијание?

Тања Турунџиева: Виното е лек. Но, како што знаеме и со лековите не треба да се претерува.Често се цитира Парацелсус: „Се зависи од виното“.

Лековитата моќ на виното го јакне срцето и крвотокот, ги исфрла отровите од телото и ни помага добро да се чуствуваме. Уште во античко време на виното му се припишувало лековито дејство. Во меѓувреме е научно докажано дека умереното пиење вино му помага на здравјето.

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-02

Одговорите на прашањето: ,,Колку е умерено?’’ се разлини. Француската медицинска академија смета дека дневното количество алкохол што секој човек без опасност може да го испие изнесува еден грам на еден килограм тежина.Тоа се осум децилитри вино со 12% алкохол за лице кое тежи 75кг. Се множи количеството на испиено вино со волуменското учество на алкохол и специфичната маса на алкохолот што изнесува 0,79. Лекарите во САД и во Германија не ја препорачуваат повеќе од 20 децилитри чист алкохол за жени и 30 децилитри за мажи. Црниот дроб преработува десетина децилитри чист алкохол за еден час. Значи денот е прекраток за да се пие што било друго освен вино. Не треба да се претерува во исклучивоста и да се откажувате од фламбираните јадења, чаевите Darjeeling облагодарени со метакса или чајот од липа со сливовица, но би било глупаво да се одбие некој стар, добар француски коњак.

Докажано е дека целосното откажување од виното претставува опасност за здравјето, зашто луѓето кои не пијат вино имаат пократок очекуван век на живеење и почесто се болни од луѓето кои пијат умерено. Современата наука во сообразност со Хипокрит, кој за лекување на разни болести употребувал вино и со апостолот свети Павле. Тој пишувал во Првото послание до Тимотеј(5,23): „Не пиј само вода, потребно ти е и малку вино поради твојот желудник и честите твои слабости“.

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-06

Кои состојки му се потребни на организмот што ги содржи виното?

Тања Турунџиева: Виното содржи над илјада различни состојки. Повеќето состојки доаѓаат од грозјето, а етил алкохолот и глицеринот се создаваат во постапката за производство на вино. Веќе малите количества алкохол брзо дејстуваат врз повеќето органи на нашето тело. За среќа, при умереното уживање тоа дејстување е многу полезно. Големото лековито дејство на виното произлегува пред се од полифенолите, ароматските врски од бојата на грозјето. Особено силни полифенолски борци против слободните радикали од виното се: резвератолот, кверцитинот, епикатехинот и катехинот. Многу витамини и минерали од виното ја штитат структурата на клетката и заедно со полифенолите дејствуваат како антиоксиданси.

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-07

Во виното има многу штетен метил алкохол, па затоа е забрането производство на вино од некои сорти што даваат вино со штетни концетрации на метил алкохол.

Витамин Ц има во младите вина, повеќе во црвените. Со созревањето и стареењето на виното се намалува количеството на витамин Ц.

Со виното во телото влегуваат важни хранливи материи, па само една четвртина од литар вино на повозрасните луѓе им ги дава материите што често не можат да ги добијат во доволни количества со секојдневната храна.

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-08

Која е лековитоста на виното и зошто е корисно за здравјето?

Тања Турунџиева: Виното, особено црвеното, меѓу другото помага во заштитување на крвните садови, ги проширува, а кај проблеми со срцето и крвотокот, превентивно дејствува против инфарктот и мозочниот удар и штити од слабокрвност. Се намалува нивото на фибриноген и холестерол. Според некои студии учеството на добриот ХДЛ холестерол со разумно пиење вино се зголемува до 100%, а опасниот ЛДЛ холестерол може да се намали за речиси 40%. Црвеното вино помага во создавањето на крвта и штити од рак и слабокрвност.

Белото вино е полезно за настинки, нарушувања на имунолошкиот систем и симптоми на стрес (Интересна е изреката „Кој се држи до пип, не се плаши грип!“).

На лицата со опасност од срцев инфаркт или мозочен удар им се препорачува пиење лесно бело или црвено вино во количества што е подобро да бидат под дозволената граница.

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-11

Дејстувањето на виното при крвниот притисок е интересно. Денес се знае дека умереното пиење вино го намалува крвниот притисок и може да го намали ризикот од срцев удар. Но, лицата кои имаат зголемен крвен притисок мора многу да внимаваат и никако да не го надминат дневното дозволено количество. Пиењето поголеми количества може многу брзо опасно да го зголеми крвниот притисок.

Виното го засилува апетитот и го подобрува варењето на храната. Го спречува создавањето камења во жолчката и бубрезите. Виното позитивно дејствува врз мозокот. Ја изострува способноста за мислење, го подобрува помнењето и ја зголемува креативноста. Многу блескави идеи се појавиле како резултат на добрата голтка од чашата.

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-03

Неопходни се мерки на претпазливост. Алкохолот е отров за децата, за бремените жени, исто така, не смеат да пијат вино. При воспаление на панкреасот или црниот дроб, виното е сосема забрането, како и на лицата кои се заболени од чир на желудникот и дванаесетпалечното црево, од болести на штитната жлезда и од гихт. Ако лицето има хемороиди и гихт треба да се избегнува црвеното вино.

Виното може многу работи, но не е семоќно. Исхраната треба да биде здрава, урамнотежена, а количеството мора да се соодветставува на потрошената енергија. За жал, многу лица вродено се склони кон самоуништување, пушење, недоволно движење на свеж воздух, страдаат од стрес, им робуваат на квазинаучни и за нас непознати принципи на живење, неприродни диети итн. Фанатизмот секогаш е нездрав. Тие кои фанатично се грижат за здравјето, главно се нездрави. Но нема добар одговор на прашањето „Зошто многумина мислат дека умереноста е здодевна?“

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-09

Лицата кои пијат вино не само што просечно живеат подолго од тие кои не пијат, туку најчесто остануваат помлади и повитални. Виното го спречува изумирањето на мозочните клетки и го спречува намалувањето на работата на мозокот како последица од стареењето. Лицата кои пијат вино за една четвртина помалку заболуваат од Алцхајмерова болест. Некој рекол „Виното е млеко за староста“.

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-12

Кога сме кај спарувањето храна и вино, што препорачувате од нутриционистички аспект?

Тања Турунџиева: Основните насоки за сообразување на вината и јадењата се:

  • Бело вино со лесни јадења и црвено вино со обилни јадења.
  • Кисело јадење со кисело вино.
  • Киселкави вина и малку солени јадења.
  • Танински вина со потешки солени јадења.
  • Слатките колачи добро одат со уште послатки вина.

 

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-04

Кое ви е омилено вино на вас?

Тања Турунџиева: Јас секогаш пијам само црвено вино. Се смета како пијалок на Боговите. Секогаш умерено. Го пијам, по напорен ден, пред спиење со добра книга и секогаш со добри и сакани луѓе. Моето омилено вино е Мерло. И, како препорака. Добра чаша црвено квалитетно вино е лек!

И, не за џабе не рекле: „Во виното е вистината!“

Vino-vo-drustvo-fino-Tanja-Turundzieva-10

Интервјуто го водеше: Александра Велинова
Локација: Вински бар и ресторан Форца
Готвач: Влатко Огненовски
Сомелие: Слободан Пановски
Фотограф: Благоја Мартиновски
Шминка: Курс за шминка, Центар за обука ЕВА