Вино во друштво фино

Саша Ковачевиќ: Пред концерт пијам вино

Во пресрет на концертот на 19-ти март во салата „Борис Трајковски“ во Скопје на балканската ѕвезда Саша (Александар) Ковачевиќ, поразговаравме за тоа колку често консумира вино во опуштена атмосфера во винскиот ресторан Форца, дегустирајќи Барово (црвено и бело) од Винарија Тиквеш.

Виното е…

Саша Ковачевиќ: Повеќе од пијалок – романтика. Ниедна романтична вечера не поминува без вино.

Последен пат приготвив роматична вечера за девојка ми со вино…

Саша Ковачевиќ: Пред два-три месеци. Риба со бело вино. Обожавам риба, а и бело вино.

IZ4A0102

Лошо вино е она…

Саша Ковачевиќ: Од кое боли глава. Ми се случило тоа повеќепати (хахаха).

Омилено вино ми е…

Саша Ковачевиќ: Шардоне Ковачевиќ

Би сакал моето име да е на етикета на…

Саша Ковачевиќ: Веќе е на македонското Алексадар и српското вино Ковачиќ, треба само да се спојат (хахаха).

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino

Пред концерт, вино…

Саша Ковачевиќ: Пијам секогаш. Зависи понекогаш една, а помекогаш и две-три чаши.

Храна која ја јадам спарена со вино е…

Саша Ковачевиќ: Паста и морски плодови. Од десерти суфле и тирамису.

Во виното ја барам вистината кога…

Саша Ковачевиќ: Секогаш наоѓам повод да ја побарам вистината во виното.

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino

Најдобро друштво за вино ми е…

Саша Ковачевиќ: Семејството и пријателите од детството – круг кој го одржувам до ден-денес.

Песна која ме асоцира на вино е…

Саша Ковачевиќ: Све је то због лоше вина…

Во виното кое го пијам можам да препознаам ароми на…

Саша Ковачевиќ: Праска, круша, ананас, манго…

IZ4A0100

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino

Sasa Kovacevic - Vino vo drustvo fino