Вино во друштво фино

Next Time: Најдоброто вино е во „Бигорски“

Стефан и Мартин Филиповски или Next Time, повеќепати досега споменале дека промената на имиџот се должи на созреаноста, токму затоа ги избравме како друштво фино, со кое ќе разговараме за нашата сериозна тема – ВИНО.

Колку воопшто пиете вино?

Next Time: Виното пред се не е само обичен алкохол, имаме посебна почит кон овој значаен историски, религиски пијалок. Во лето можеби не така често, но во овој период од година кога се сите зимски празници вклучувајќи ја и Нова Година и тоа како знаеме да уживаме во неговиот вкус особено кога е греено. Пиеме црвено вино, белото не ни се допаѓа.

Next Time - Vino vo drustvo fino

Кога за првпат ги почеститвте вашите сетила со овој божествен пијалок?

Next Time: До пред 18-тата, 19-тата година воопшто не пиевме алкохол, после тоа. И до ден-денес пиеме но, умерено. До момент кога ние го имаме под контрола.

А, пред настап за опуштање?

Next Time: Пред настап никако. Мораме да бидеме сконцентрирани и фокусирани на она што го работиме. Направивме исклучок при последното снимање на спотот за „Вечниот Бог“ во Бигорски, но тоа беше само снимање спот. После настап знаеме да се опуштиме со фановите, пријателите итн.

Next Time - Vino vo drustvo fino

Кои ви се најдобро друштво за вино?

Next Time: Девојките и најдобрите другари. Па, ако вкусот на виното зависи од тоа во какво друштво е испиено, несомнено, тие.

Имате ли вино кое посебно ви прави мерак?

Next Time: Најдоброто вино што сме го пиеле досега е она во манастирот „Св. Јован Бигорски“, каде не покани отец Партениј, првпат се запознавме со него и за добредојде ни понуди греено вино. Самото место по себе е место каде можеш да се свртиш кон себе си. Во комбинација со виното е осознавање на самиот себе си. Таму ги процедуваш мислите и ти остануваат само позитивните. Сфативме дека во виното е вистината.

Next Time - Vino vo drustvo fino

Колку ве испирира виното како уметници кои професионално се занимаваат со музика?

Next Time: Не сме уметници кои се инспирираат од алкохол. Но, кога ќе испиеш чаша вино, си поискрен, емоциите какви и да се’, се чисти, а она што излегува од срце и се прима со срце. Едноставно не ги потиснуваш емоциите туку излегуват на површина, без оглед дали си тажен, среќен.

Кое уметничко дело ве асоцира на вино?

Next Time: Самото вино песна: џезот, се од Синатра, филмот Гладијатор, многу балкански песни почнувајќи од „Лоше вина“.

Next Time - Vino vo drustvo fino

Спотот за „Ја излези Ѓурѓо“ е одлична промоција на македонското тло како погодно за винови лози. Зошто се одлучивте покрај лозниците да снимате?

Next Time: Има антика, има филмски сцени кои не враќаат кон природата, далеку од урбаниот свет. Самата лозница, виното има историско и религиозно значење.

Какви ароми доживувате во моментов додека го пиеме виново?

Next Time: Џемасти, слива, капина и одлично се спарува со ролованото свинско филе во сос од буковка што го јадеме.

Next Time - Vino vo drustvo fino

Во преспрет на двата големи празници Св. Валетин и Св. Трифун, наскоро Гифт шоповите ќе бидат пренатрупани со срциња и други предмети кои најчесто се подаруваат за Св. Валентин. Подарувате ли вино, не само за овој празник воопшто?

Next Time: Да и сега за празнициве подарувавме доста, за имендени, слави, а за првата промоција на Влатко Лозановски му изгравиравме посвета на етикета на вино што многу го изненади.

Next Time - Vino vo drustvo fino

Интервјуто го водеше: Александра Велинова
Локација: Вински бар и ресторан Форца
Готвач: Андреа Јаковчевски
Сомелие: Слободан Пановски
Фотограф: Александар Ивановски
Фризура и шминка: Студио СОНИК

Next Time - Vino vo drustvo fino

Next Time - Vino vo drustvo fino

Next Time - Vino vo drustvo fino

Next Time - Vino vo drustvo fino

Next Time - Vino vo drustvo fino

Next Time - Vino vo drustvo fino