Вино во друштво фино

Литов Намдагжанчивин: За нас млекото од кобила е бело вино

Можеби, ќе ве изненади изборот за наш соговорник во следното интервју, а тоа е монголскиот конзул Литов Намдагжанчивин, кој е и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија со оглед на тоа што Монголија не е голем производител на вино. Но, сосема со право се одлучивме, бидејќи тој веќе 30 години активно живее во духот на македонскиот народ и менталитет, одлично ја познава македонската култура и уметност и што е најважно за следниот разговор и македонското ВИНО. Зошто?Затоа што можеби некој од вас не правел вино, но затоа Ли го има и тоа искуство заедно со неговиот пријател Ферид Мухиќ.

Какво значење има ВИНОТО за богатата монголска историја?

Литов Намдагжанчивин: Во перодот до X до XV век на Монголската империја која е без преседан најголемата империја во историјата на нашата планета. Монголските Канови, почнувајќи од големиот император Џингис Кан, неговите престолонаследници, синовите, внуците и пра-пра внуците кои владееле на огромниот Евро-Азиски простор, од Јужно-кинеското Море се до Центална Европа, го имале ВИНОТО како дар од севишниот Тенгер (Бог) и кон него се однесувале со длабока почит кој овој чудесен напиток. Со големи церемонијални прослави дозволувале војниците да се напијат кога големите Канови ја прославувале победата при нивните освојувања. Но, војската морала да го следи законот. Прво морале да ги напојат илјадните коњи, а дури потоа и самите војници да се напијат за победата. Постојат податоци дека во почетокот на третиот век од нашата ера, за време на освојувањата на Александар Македонски, винското производство било пренесено на територијата на Источна и Централна Азија.

IMGP3653

Долго време сте во Македонија. Можете ли да направите споредба како се прави виното во Макеоднија, а како во Монголија?

Литов Намдагжанчивин: Историски гледано, виното го правеле на најразлични начини и зависно од тоа која географска зона се наоѓале неговите производители такви суровини и користеле. Или правеле напитоци слични на виното. На пример, Азиските народи, виното го правеле од ориз, бидејќи го имаат во изобилство. Додека во некои други региони вино правеле од роза или слични цвеќиња. Ние Монголците го имаме популарното Монголско Бело Вино –Аираг. Направено е од млеко од кобила и има традиција од илјадници години, кога нашите претци го правеле овој пијалок уште од времето на Хуните.

Аираг се добива по пат на ферментација како повеќето видови на вина. Има своја специфична традиционална технологија на правење. Аираг има бела боја и содржи 15- 18 отсто алкохол. Секое номадско семејство го произведува Аираг и сите го консумираат со огромно задоволство без разлика на возраста и половата припадност. Најголеми консументи се Будистичките монаси.

IMGP3651

Која е разликата во вкусот помеѓу класичното вино и Аирагот?

Литов Намдагжанчивин: Разликата е во тоа што Аирагот ( или Кумус како што го нарекуваат) е поосвежувачки во летните горештини во Монголија. Кога го сипувате Аирагот во големите порцелански чаши, вие слушате како шушти, како да е газирано, но не е. Ние на секој гостин му нудиме најпрво Аираг за добредојде, а подоцна ракија (Архи), алкохолен пијалок направен исто така од млеко.

Вино во друштво фино со Литов Намдагжанчивин

Сте посетиле ли некоја винарија во Македонија која ви оставила посебен впечаток?

Литов Намдагжанчивин: После моето долгогодишно престојување во Македонија сум имал прилика да посетам добар дел од македоснките винарии од винскиот регион, како што се Бовин, Повардарие, Тиквеш… Не можам да се пофалам дека сум добар познавач на вино, но знам дека македонското вино е во ист ранг по квалитет со прочуените европски производители на вина како Франција, Португалија, Шпанија итн.

Во плодната земја на сонцето, Македонија, виното го консумирав покрај богатата македонска трпеза. Со задоволство ја пијам и оваа чаша вино во ова одлично друштво.

Вино во друштво фино со Литов Намдагжанчивин

Која сцена од филм, стихови или композиција ве асоцира на вино?

Литов Намдагжанчивин: Филмот „Казабланка“, во режија на Мајкл Куртиз со актерите Хемфри Богарт и Ингрид Бергман, снимен во 1942година, филмот ДР.НО, во режија на Теренс Јанг со актерите Шон Конери и Урсула Андрес, снимен во 1962 година или филмот Француски бакнеж, во режија на Лоренс Касдан, со актерите Мег Брајан, Кевин Клајн и Тимоти Хатон, снимен во 1995 година. Има инспиративни сцени врзани за виното. Како на пример стиховите:

Tears, though they are here below the the sinner’s brine, above, they are the Angels spiced WINE. written by Robert Herrick.
Though you survey, O my enlightened friend, This world of vanity from end to end, You will discover there no other good than WINE and rosy cheeks, you may depend.
~ Written by Omar Kayyam.

Вино во друштво фино со Литов Намдагжанчивин

Кое е за вас најфино друштво за вино?

Литов Намдагжанчивин: Ако во виното е вистината, доброто друштво се познава по виното. Зар не? Како резултат на долгогодишното дружење со мојот драг пријател Ферид Мухиќ, кој е врвен познавач на овој благороден пијалок имам одлично искуство и во правење вино. Со посебна приколка донесовме дома околу 100-тина килограми грозје, кое го купивме од Тиквешкиот крај. Го правевеме по рецептот на синот на Мухиќ кој исто така добро го познава виното и е врвен дегустатор на вино. Со часови го вадевме семето од секое зрно, напорно работевме, па го претуривме во големи садови. Ангажиравме девојки боси да го газат грозјето. Извесен период ферментираше, пресипуваваме, цедевме, па пак прецедувавме итн. Во септември го правевеме виното, а официјалната дегустација ја направивме на Стара Нова година, со нашите најблиски. Тоа беше еден од најнезаборавните моменти од нашето дружење, но овојпат во чест на неговото величество –ВИНОТО.

Вино во друштво фино со Литов Намдагжанчивин

Почесен член сте на Друштвото на писателите на Македонија. И секој Монголец што учествува на СВП мора да ја знае на макеодснки Т’га за југ. Барем така ги условувате. Гледате ли поврзаност помеѓу поезијата и виното. Колку е испирација овој пијалок?

Литов Намдагжанчивин: Моето постоење и живот на планетата Земја ја должам на мојот севишен Тенгер, кој ме одбрал да опстојувам да се хранам со универзалната убавина на уметноста, која е моја исконска преокупација, за која бескрајно сум благодарен и благословен. Посебна е можноста што има чест да се дружам со врвни македонски интелектуалци, уметници, сликари, писатели и поети, артисти… кои во мене препознаваат пријател. Имам преведено дела на македонски автори на монголски јазик. А, виното, виното и дава сила на креативноста. Отсекогаш било и ќе биде инспирација. Го облагородува човечкиот нарав.

Т’га за југ на монголски јазик

Интервјуто го водеше: Александра Велинова
Локација: Вински бар и ресторан Форца
Готвач: Андреа Јаковчевски
Сомелие: Слободан Пановски
Фотограф: Благоја Мартиновски
Шминка: Анџела Видојевиќ (Курс за шминка, Центар за обука ЕВА)