Вино во друштво фино

Александар Белов: Идејата „залиена“ со вино полесно се реализира

Белов е еден од ретките од Тиквешкиот крај кој не учествува во гроздобер, но затоа не е од ретките кој го сакаат крајниот производ. Тој секогаш е расположен за чаша бело вино, овојпат Шардоне кое го спаривме со пилешко во сос со горгонзола во прекрасниот амбиент на винскиот бар и ресторан Форца.

Ако виното инспирира, тогаш оние што се родени покрај плантажи со лозја се преодредени да бидат уметници. Колку е инспирација за тебе виното?

Александар Белов: Како што велат постарите во виното е вистината, но како мал неможев да ја сфатам смислата на реченицата, но сега на 29 години сфатив дека освен што во него е вистината, тоа и инспирира. Со оглед на тоа што сум од Тиквешкиот крај, виното е пијалок без кој таму не се може. Секоја добра идеја „залиена“ со вино е полесна за реализација. Кој пробал знае.

Си имал ли прилика да ги „извалкаш“ рацете со вранец или барем да присуствуваш на берба?

Александар Белов: Морам да бидам искрен дека само еднаш сум бил на берба на грозје и тоа како дете. За мене тоа беше мошне интересно искуство. Можеби сум единствен од Тиквешкиот регион кој не учествува во тој процес, но затоа не сум единствениот кој го сака крајниот производ.

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Кога првпат проба вино?

Александар Белов: Колку што се сеќавам како дете сакајќи да пораснам побрзо имав голема желба да пробам вино. Посебно кога ги гледав татко ми и брат ми кога наздравуваа на семеен ручек. Но, сепак се воздржав до 14 години кога завршив основно училиште. Првпат пробав вино на еден празничен ручек, се уште го чувствувам вкусот и мирисот, многу ми се допадна, можеби затоа што до тогаш ми беше „забрането овошје“.

Имате ли традиција на подготовка на вино во вашето семејство?

Александар Белов: Иако можеби се очекува да правиме како Неготинчани, сепак не. Но, за Св. Трифун секоја година мора да сум дома. Ги посетувам винариите и сум ја имал честа да закројам, да наздравиме со пријателите. Виното не спојува, традицијата продолжува.

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Зошто одлучи токму „Оган под ѕвездите“ да ја препееш?

Александар Белов: Пред две години ја добив таа чест да ја преработам песната на легендарните Меморија, која во самиот рефрен вели „Не барајте вино испиено е“, нормално дека јас сум соодветната личност за таа песна. Песната има друга тематика, но уште од мал ме асоцираше на вино и си ја потпевнував.

Би скала ли да има вино на чија етикета ќе го има твојот лик, како што е случај со многу јавни личности ширум светот?

Александар Белов: Веќе постои вино Александар, па би сакал да има вино Белов, зошто да не…

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Си подготвил ли некогаш романтична вечера со соодветно вино за твојата сакана и кое е за тебе добро вино?

Александар Белов: Многумина велат дека во добро друштво секое вино е добро, но јас му давам предност на виното. Ретки се моментите кога сум во кујна, но знам да ја изненадам девојка ми со добра вечера во комбинација со соодветно вино. Љубител сум на бело вино, во последно време најмногу консумирам вино од сортата Мускат Темјаника.

Св. Валентајн или Св. Труфун и дали подаруваш вино?

Александар Белов: Јас ги празнувам и двата празника. Но, многу често подарувам вино, без оглед дали за овој празник или роденден, слава или било каква и да е прослава.

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Знаеш ли да се напишеш чаша вино пред настап?

Александар Белов: Да бидам искрен пред настап не, но после тоа знам да се напијам чаша до две за да ме опушти, да ме смири и да ми го спушти адреналинот.

Кои се твоите планови на музички план за 2016 година?

Александар Белов: 2016-та ја започнав одлично на професионален план со настапи со мојот нов бенд од Србија, Sky wings и следува турнејата на настапи низ Македонија. Го подготвувам вториот албум. Ќе настапувам во Србија, или ќе се вратам таму од каде што почнав, едноставно така некако се склопија коцките.

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Интервјуто го водеше: Александра Велинова
Локација: Вински бар и ресторан Форца
Готвач: Андреа Јаковчевски
Сомелие: Даниел Цековски
Фотограф: Александар Ивановски
Фризура и шминка: Студио СОНИК

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov

Vino vo drustvo fino - Aleksandar Belov