Технологија

Во блиска иднина: Патничките авиони ќе летаат сами

Патничките авиони кои ќе бидат управувани од страна на диспечери од земја ќе се појават во 2025 година.

Авионите ќе летаат без пилот, што на авио-компаниите ќе им заштеди 35 милијарди долари, пишува рускиот весник Комерсант.

Весникот пишува дека во овој момент главниот дел од летот е „во рацете“ на автопилот.

Опремата во моментот е подготвена да го довеве до слетување авионот во тешки временски услови.

Воведувањето на беспилотна цивилна авијација ќе се одрази и на цените на авионските карти, се очекува да опаднат за 10 отсто.

Сепак, проблемот при реализација на овој план може да доведе до страв кај патниците, бидејќи животот ќе треба да го доверат на автоматски систем, а не на пилотот.