четврток, 18. јануари 2018. Вести денес: 104
home Технологија

Внимавајте: Популарни апликации и екстензии ги искористуваат своите корисници

Внимавајте: Популарни апликации и екстензии ги искористуваат своите корисници

Рударењето на криптовалутите станува се попопуларно, па некои компании одлучија наместо своите компјутери, да ги искористат компјутерите на своите корисници.

Cryptojacking или „тајното рударење“ станува се почеста пракса не само на хакерите, туку и на интернет страниците кои што на тој начин, најчесто без знаење на корисниците, се обидуваат да заработат „некој долар повеќе“.

Експертите за интернет безбедност предупредуваат дека се почесто „тајното рударење“ е раширено и на апликациите за паметните телефони и екстензиите за интернет прелистувачите кои што се распространети на секој компјутер ширум светот.

Така, неодамна беше откриено дека екстензијата за Google Chrome – Archive Poster која што на корисниците на Tumblr им го олеснува објавувањето на таа мрежа, во себе крие програма за тајно рударење на виртуелната валута „монеро“.

Archive Poster била инсталирана на повеќе од 100 илјади уреди, а иако „тајното рударење“ не му нанесува штета на компјутерот, паметниот телефон или корисникот, сепак значително ја забавува работата на уредот затоа што користи дел од моќта на процесорот.

Исто така, прилично популарна е програмата “Coinhive” која што најчесто се користи за „тајно рударење“ може бесплатно да се превземе на интернет и не е илегална. Токму оваа програма ја користат бројни интернет страници со цел да заработат од своите посетители, без притоа да ги известат за тоа.