Технологија

ВИДЕО: Русите го претставија првиот летечки мотоцикл

Визуелниот спој на моторцикл и хеликоптер е производ кој неодоливо потсетува на возилата на Stormtroopers во „Војна на Ѕвездите“.

Руската стартап компанија „Ховерсурф“ го тестираше првиот летечки моторцикл кој е наречен “Scorpion 3”.

Станува збор за стандарден моторцикл кој што е дизајниран со помош на технологијата за дронови и истата на возачот му овозможува да полета и да управува со моторциклот во воздух.

„Scorpion 3“ може да поднесе тежина до 120 килограми и е предвиден да пренесува само едно лице. Лета на висина од 10 метри и може да достигне максимална брзина до 50 километри на час, а функционира со помош на струја или хибридна батерија.Со својот стандарден погон, после полнењето може да лета околу 27 минути, а со помош на хибридната батерија може да лета и до два часа.

Летечкиот моторцикл на оваа руска стартап компанија има врвен безбедносен механизам кој што ја ограничува максималната брзина и висина за да се спречат несреќи, а како што велат од „Ховерсурф“, со него можат да управуваат професионалци, но и аматери.

Овој летечки моторцикл е достапен на пазарот по цена од 150 илјади долари.