Технологија

Разочарување: Ејпл ја прекинува поддршката на 32-битни апликации во iOS 11

Ејпл ја прекинува поддршката на 32-битни апликации за iOS, од следната верзија на мобилниот оперативен систем.

Ова стана јасно откако се појавија фотографии кои покажуваат прозорец, кој предупредува дека „апликацијата нема да работи со идните верзии на iOS“. Во соопштението пишува уште дека програмерите ќе треба да ги надоградат своите програми и апликации, ако сакаат тие да се достапни во наредните верзии на iOS оперативниот систем.

Овие скокачки прозорци со предупредувачка содржина се појавуваат само на 32-битни апликации.Ова најверојатно значи и дека постарите уреди како iPhone 5 и iPhone 5C нема да добијат надоградба до iOS 11. iPhone 4S, на пример, не доби обновување до iOS 10.

Во 2013 година Apple го лансираше на пазарот iPhone 5S, кој е првиот паметен телефон со 64-битен чипсет. Тогаш програмерите беа советувани да ги надоградат своите апликации, но изгледа не сите го сториле тоа.