Технологија

Променет изгледот и големината: Еве на кој датум официјално излегува на пазарот Samsung Galaxy S8 (ВИДЕО)

Гласините околу Samsung Galaxy S8 стануваат се побројни, а најновата се однесува токму на датумот за претставување на ово мобилен уред.

galaxy8

Индустриските инсајдери сугерираат дека денот кога официјално ќе се појави овој телефон е 18 април, што е прилично задоцнето во однос на Samsung Galaxy S7 кој својата премиера ја имаше на 11 март минатата година.

Првично компанијата Samsung се припремаше Galaxy S8 да го претстави на светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона, кој се одржува наредниот месец, но промените во дизајнот и проблемите со Galaxy Note 7, го примораа корејскиот гигант да го пролонгира претставувањето на Galaxy S8 телефонот. Сеуште се очекува официјалниот извештај за Galaxy Note 7, но на социјалните мрежи се појавија информации дека се работи за проблем со хардверскиот дизајн, а не со лошата батерија.

Се очекува рабовите потполно да изчезнат кај Galaxy S8 телефонот, па така екранот ќе опфаќа 90 проценти од предниот дел на уредот. Сите измени кои се правеа кај овој модел го продолжуваа и рокот за произвотсво и ја примораа компанијата да го одложи претставувањето во Барселона.