петок, 21. септември 2018. Вести денес: 94
home Технологија

Педијатрите едногласни: Фејсбук НЕ е место за мали деца!

Експертите тврдат дека употребата на социјални мрежи од страна на малите деца влијае врз нивниот интелектуален и емоционален развој.
Педијатрите едногласни: Фејсбук НЕ е место за мали деца!

Фејсбук не е место за мали деца. Ова го напишале повеќе од 100 лекари и експерти во писмо до основачот на социјалната мрежа, Марк Зукерберг.

Педијатри тврдат дека малите деца не се подготвени да имаат свои профили и ја поттикнуваат компанијата да ја повлече апликацијата, насочена кон деца на возраст под 13 години.

Експертите тврдат дека употребата на социјални мрежи од страна на малите деца влијае врз нивниот интелектуален и емоционален развој.

Фејсбук одговори дека тие ја развиле апликацијата во соработка со онлајн професионалци за безбедност и имаат изградено доволно ниво на родителска контрола.