Технологија

Фејсбукот ви е чуден денеска? Не грижете се, проблемот е глобален

Доколку „Фејсбук“ денеска цел ден не ви работи, не грижете се, не е до вашиот профил, уред или интернет. Корисниците на најголемата социјална мрежа низ целиот свет денеска имаат проблеми со нивната почетна страница.

fejsbuk

Наместо нови вести, на „Фејсбук“ се прикажани ограничен број на објави, а на крај стои и поракa: Ќе имате повеќе приказни на почетната страница доколку додадете повеќе пријатели.

asda

Проблемот во Велика Британија започнал околу 9 часот утрово, а илјадници корисници веќе испратиле пријава до компанијата. Слични проблеми има и во САД и низ поголемиот дел на Европа.

На удар се и корисниците во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

Во Македонија и вчера се случуваа слични проблеми, а некои од корисниците воопшто и немаа „Фејсбук“.

Од компанијата засега нема официјално соопштение што точно се случило и дали се работи на проблемот.