Технологија

Фејсбук со нови проблеми – доаѓа ли крајот на популарната страница?!

Фејсбук со нови проблеми. Откако пред некој ден сопствениците на бизнис страници на фејсбук се пожалија на проблеми, од ноќеска се појави нова мака. Ширум светот, а и кај нас во Македонија нешто невообичаено се случува со социјалната мрежа Фејсбук. Забележани се проблеми со отварањето на милион страници на Фејсбук и не се прикажуваат постовите кои последни се објавени.

Корисниците на социјалната мрежа, денеска на страната не гледаат ништо. Се појавија сиви линии кои досега се немаат појавено на страната.

Фејсбук не е паднат само кај нас туку и во Италија, Финска, Русија, Украина, Шпанија, Грција…со што корисниците страниците ги гледаат на мобилен, но не и на компјутер.

На форумите корисниците прашуваат дали се ближи крајот на популарната мрежа која десетина години е главна алтка за комуникација меѓу луѓето.

facebook problem