петок, 21. септември 2018. Вести денес: 94
home Технологија

Дознајте дали некој ви ги злоупотребува фотографиите на Фејсбук

Иако станува збор за многу корисна опција, можноста на Фејсбук да ве препознае во секој момент вознемири многумина.
Дознајте дали некој ви ги злоупотребува фотографиите на Фејсбук

Новиот додаток на најпопуларната социјална мрежа користи препознавање на лица за да ви испрати нотификација доколку некој неовластено постави ваша слика на Фејсбук.

Фацијалното препознавање не е ништо ново на Фејсбук, но она што е ново е ширењето на оваа технологија која помага во сигурноста и безбедноста на идентитетот на корисниците. На пример, ако некој кој не е во вашата листа на пријатели објави ваша слика, Фејсбук ќе го препознае вашето лице и ќе ве извести.

Иако станува збор за многу корисна опција, можноста на Фејсбук да ве препознае во секој момент вознемири многумина.

Доколку сте еден од нив, многу лесно можете да ја исклучите.

Се што треба да направите е да влезете во Privacy Shortcuts, изберете More Settings, кликнете на  Face Recognition/No. За десктоп е уште полесно, Settings> Face Recognition > Edit > No.