Технологија

Докажа дека може: Инженер вгради влез за слушалки на Ајфон 7 (ВИДЕО)

Одлуката на Епл да го укине 3.5 милиметарскиот влез за слушалки на Ајфон 7 не му се допаднала на инженерот на Гугл, Скот Ален.

Иако технолошкиот гигант објасни дека го укинува влезот поради недостатокот на простор во самиот уред, 38-годишниот маж одлучи да ја преземе работата во свои раце и сам да го реши овој инженерски проблем.

По четири месеци и неколку илјадници долари потрошени, Ален, нашил решение, а својата авантура ја забележал со 33-минутно видео.

За да направи повеќе место за влез, Ален користел специјална алатка за стругање на цврстиот материјал (како алуминиумот) кој се наоѓа во телефонот.

Потоа го искористил малиот адаптер на Епл кој овозможува поврзување на стандардниот џек со лајтнинг портот во Ајфонот.

Освен адаптерот, тука е и електронската плочка која Ален сам ја дизајнирал, а која служи како некој вид внатрешен прекинувач кој овозможува слушање музика со помош на џекот или полнење на уредот по пат на Лајтнинг портот.