среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 17
home Технологија

Директорот на Твитер даде отказ, акциите се струполија

Директорот на Твитер даде отказ, акциите се струполија

Оперативниот директор на компанијата Твитер, Ентони Ното, поднесе оставка од таа позиција, со цел да ја преземе челната функција во една друга компанија.

Ното на Twitter тимот му се приклучи во јули 2014 година кога беше именуван за финансиски директор, пренесува агенцијата АП.

По најновите вести, акциите на Твитер опаднаа за повеќе од три проценти, бидејќи Ното беше важен фактор во лидерскиот тим.

Ното заминува во компанија „Social Finance“, каде ќе ја обавува функцијата извршен директор.