Технологија

Денеска ќе се одржи првиот Tech.O настан- на едно место ќе се собере ИТ фелата

Tech.O е настан кој што ги собира на едно место влијателните бизнис и IT лидери, претприемачи, сопственици на стартап компании, инвеститори и талентирани млади луѓе кои со иновативни идеи сакаат да допринесат во развојот на македонската бизнис и ИТ клима.

 

tech

Целта на овој настан е преку споделување на знаење и идеи и преку воспоставување на деловни контакти да се развие средина која ќе подржува раст и примена на нови трендови и иновативни технологии кои ќе потикнат повисока културата на бизнис соработка помеѓу разни индивидуалции и компании и кои ќе отворат нови инвестициски можности.

Овој настан ќе ги привлече водечките IT професионалци, претприемачи, извршни директори, стартапи, инвеститори и амбициозните млади таленти, кои се стремат кон примена на нови стратегии и начини на водење на бизнис и сакаат да ги прифатат глобалните трендови и иновации.

Првиот настан ќе биде дел од StartUp Europe Week и ќе биде промовиран преку социјалните мрежи и медиуми заедно со серијата на настани организирани од ко-организаторите на овој настан. Настанот ќе се одржи со почеток од 18 часот во просториите на Valoso HUB.