Технологија

Делумен колапс на Фејсбук во Европа, Америка и Австралија – корисниците избезумени!

Социјалната мрежа Фејсбук делумно падна во цела Европа, Америка и Австралија, што внесе голема вознемиреност кај „зависниците“ од овој глобален феномен.

Поучени од претходни слични искуства, експерти наведуваат дека вакво нешто може да се случи само во случај на поголеми технички зафати и промени на социјалната мрежа.

Половина час содржината на новите Фејсбук постови не можела да биде отворена, а опцијата да се додаде нив пост не била во функција.

Последен пат имаше слични проблеми кога беше воведена опцијата аутоплеј видео.