Технологија

Дали знаете зошто копчињата Ф и Ј на тастатурата имаат мали испакнатини

Дали сте забележале дека секое копче на тастатурата има мала испакнатина или цртичка на буквите „Ф“ и „Ј“.

 

tastatura

Еве објаснување:

Првите машини имаа распоред на тастатурата кој беше организиран по азбучен ред. Креаторите биле уверени дека тоа е полесен начин за пишување, затоа што тие кои пишуваат го знаат редоследот на буквите. Но подоцна, се дојде до заклучок, дека ваквите машини за пишување биле неефикасни и дека тие кои пишувале не биле продуктивни.

Кристофер Латам Шолс, човекот кој прв направи машина за пишување, одлучи да направи нов распоред на буквите, оној кој и денес го имаме, т.н. „QWERTY“ копчиња.

Распоредот е таков што прстите на левата рака лежат на АСДФ, а десната на ЈКЛ… ова се вика почетен ред. Буквите „Ф“ и „Ј“ се почетни букви на современите копчиња. Овој распоред им овозможи на луѓето да чукаат на слепо без гледање во тастатурата, па така нелогичниот распоред придонесе за ред и ефикасност.