Технологија

Без дилеми: Ова е изгледот на новиот Самсунг 8, премиера на 29 март во Њујорк (ФОТО)

Во изминатиов период се изнагледавме фотографии, од тоа како ќе изгледа Samsung Galaxy S8, но благодарение на блогерот Иван Блас веќе може да го видиме и конечниот официјален изглед на телефонот.

samsung-galaxy-9

Во публикација за VentureBeat, Блас покажува не само фотографија од телефонот, туку открива и многу детали за него. Според информациите уредот ќе биде претставена на 29 март, што значи дека сигурно нема да го видиме на мобилниот конгрес кој ќе се одржи по месец дена во Барселона. Повторно ќе видиме два модели со различна дијагонала на дисплејот, но за прв пат во во серијата, смартфоните нема да имаат никакви хардверски копчиња на предниот панел.

Според Блас двата телефони ќе бидат со 5,8 инчи и 6,2 инчи Super AMOLED дисплеи со QHD резолуција и ќе заземаат 83% од предниот панел, а ќе имаат невообичаено сооднос од 18.5:9. Таков сооднос (18: 9) очекуваме и од LG G6, а тоа ќе помогне ширината на уредите да остане непроменета во однос на Galaxy S7 и S7 edge.

Како што веќе се зборуваше, сега од фотографиите стана јасно дека и двата модела ќе имаат закривени дисплеи. Смартфоните ќе се нудат со различен чипсет според регионот (Snapdragon 835 или Exynos), а во однос на меморијата очекуваме 4GB RAM и барем 64GB меморија за складирање, која ќе може да се надоградува преку microSD картичка.

samsung

Интересно е дека батеријата на помалата варијанта останува со непроменет капацитет (3000 mAh), а кај поголемиот телефон ќе биде намалена од 3600 mAh до 3500 mAh. Уредите ќе имаат USB-C влез и приклучок за слушалки, а резолуцијата на главната камера со бленда f1.7 ќе остане 12МР.

Камерата за правење селфи фотографии ќе добие 8-мегапиксели сензор. Како што се зборуваше во изминатите  денови, компанијата ќе додаде и можност за визуелно пребарување преку камерата. Во листата на карактеристики откриваме уште сензор за отпечатоци, кој е поставен до основната камера.

Меѓу другите функции се поврзување со монитор, глушец и тастатура, виртуелен асистент со име Bixby, кој ќе може да обработува посложени барања и ќе се активира преку дополнително хардвер копче и известување за силата на притисок врз долниот дел на екранот.

Иван Блас тврди дека премиерата на двата телефони ќе биде на 29 март во Њујорк, а продажбата ќе започне на 21 април.

Според него ќе треба да се подготвиме и за повисока почетна цена. Во Европа телефоните ќе се продаваат за 100 евра повеќе од Galaxy S7. Така Galaxy S8 со 5,8 инчи дисплеј ќе се продава за 799 евра, а поголемиот уред со 6,2 инчи ќе се продава по цена од 899 евра.