недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Млади таленти

Исак Петковски има 9 години: Математиката му е љубов, а решавајќи умствени вештини собира медали и награди (ФОТО)

Првиот натпревар го имав на 7-годишна возраст. Веднаш бев награден. На тој натпревар освоив пехар со рекорден број на решени задачи. Вториот натпревар го имав следната година, кога имав 8 години. Освоив сребрен медал на кој навистина сум горд, вели талентираниот Исак во изјава за КУРИР.
Исак Петковски има 9 години: Математиката му е љубов, а решавајќи умствени вештини собира медали и награди (ФОТО)

Исак Петковски има 9 години, а со своето хоби работи на свое развивање како двојно постарите дечиња. Тој е четврто одделение во ОУ „11-ти Октомври“ во Скопје.

Пред четири години, односно на 5-годишна возраст започна со тренирање на умствената вештина Brainobrain.

Тој денес заслужено е дел од рубриката на КУРИР.МК, Млади таленти.

Напорно вежба на часови, но и дома. Успесите ги заслужува со сигурност.

-Првиот натпревар го имав на 7-годишна возраст. Веднаш бев награден. На тој натпревар освоив пехар со рекорден број на решени задачи. Вториот натпревар го имав следната година, кога имав 8 години. Освоив сребрен медал на кој навистина сум горд, вели талентираниот Исак во изјава за КУРИР.

Секое “браво“, за ова мало момче е поттик да продолжи да вежба уште понапорно.

Гордеејќи се со секој медал и диплома, Исак си поставува нови граници кои сака да ги освои.

Време за да го направиме ова интервју издвои на паузата од решавање на задачите. Тој напорно се подготвува за претстојниот натпревар.

-Како што се движат степените, така задачите стануваат многу посложени, а со тоа и потешки. Но, јас давам се од себе за да ги совладам вештините. Вежбам, решавам задачи и не се откажувам кога ќе наидам на некоја препрека. Не се срамам да побарам помош со цел да ги решам задачите кои ги гледам како предизвик, сподели со нас Исак.

До сега има завршено три степени на little bob едукација и 5 степени на bob едукација.

Исак решавајќи задачи од ваков тип, успеа да се искачи до шестиот од вкупно 12 степени.

Импресивно е што ова го прави на своја 9-годишна возраст, но неговиот талент е откриен кога имал само 3 години.

-Многу сакав да решавам логички задачи и да вежбам математика. Кога научив да пишувам бројки веднаш сакав да правам нешто со нив. Јас можеби не паметам добро колкав бев, но моите родители велат дека кога сум имал 4 години сум знаел да собирам и одземам едноцифрени броеви. Моментално, на степенот на кој што сум на Brainobrain, решавам задачи со собирање, одземање, множење и делење  на троцифрени броеви. Уживам во секоја задача и едвај чекам нови предизвици, ни раскажа Исак.

Денес ужива во големата предност која ја постигна со многу работа. Тој решава се само со визуелизација, без никакви помагала, без абакус и молив.

Кога во училиште учат математички задачи, по програма, на Исак нивното решавање му е “лесно како песна“. Тој штом ја види задачата, го знае резултатот, без да примени разложена постапка.

Бреинобреин е тренинг програма која се базира на Абакус ментална аритметика чија цел е развој на напредни умствени вештини и способности кај деца од 4 до 14 годишна возраст.

Децата кои ја разработуваат оваа умствена вештина имаат зголемена концентрација и фокус, совладуваат брзина и точност, стекнуваат напредни математички вештини, брзо процесуираат информации, ја развиваат својата личност и добиваат фотографска меморија.

Најнови вести