Љубов и секс

ВИДЕО: Масовна венчавка, 550 двојки го кажаа судбоносното „ДА“

Оваа централно американска земја деновиве беше бастион на љубовта по повод Денот на вљубените.

 

550 двојки го кажаа судбоносното „да“ на групната венчавка, која секоја година се одржува во градот Манагва.

Вљубени двојки од целиот свет беа дел од манифестацијата на славење на љубовта, некои поради уникатноста на свеченоста, некои како што велат, поради недостатокот на средства да организираат свадба.

Според медиумите во Никарагва, највесела двојка биле полјак и девојка од Никарагва, кои се запознале преку интернет и на својата прва средба одлучиле да стапнат на лудиот камен.