Љубов и секс

ВИДЕО: 106-годишна Бразилка стана најстарата невеста на светот

Пензионерка од Бразил се спротивстави на советите на докторите и стана најстарата личност која некогаш се верила и разменила брачни завети.

najstara nevesta

На 106 годишна возраст, Владемира Родригез го кажа судбоносното „да“ пред својот 66-годишен партнер, Апаресидо Дијаз Јаков и покрај советите на лекарите да не го прави тоа поради кревкото здравје.

Вљубените бабичка и дедо кои заедно имаат 172 години се запознале во пензионерскиот дом во Пирасунунга, југоисточен Бразил, каде што престојувале.

Двајцата изјавија дека нивната љубов е доказ за тоа дека луѓето можат да најдат сродна душа на секоја возраст.